ДРУШТВО „ПЕЛАГОНИЈА“ ВО БИТОЛА ЈА ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ТУРИСТИЧКА КУЌА ВО ПЕЛИСТЕР

На 24 VII-1938 година во присуство на г-дин Никифор Јефтиќ, претседател на туристичкото здружение „ЈУГ“ и општински инженер г-дин Методије Петковиќ, удрија камен-темелник на туристичката куќа на Пелистер.

Туристичката куќа е изградена на познатото место „БЕГОВА ЧЕШМА“, на 1400 м. надморска височина, од каде можете да уживате во многу убав поглед на Битола и на цела Пелагонија

Куќата ќе биде со површина од 175 м2, покрај три соби за живеење и соби за домарот на куќата ќе има претсобје, трпезарија, магацин, подрум и сушара за сушење одела на скијачите.

Изградбата на куќата ќе чини 78.000 дин, а ќе биде завршена за два месеци.(1)

На местото од Бегова чешма сега е Хотел Молика и во неговата внатрешност има еден дел останат од неа.

(1) Од Фондот на Коста Догу, битолски Архив.