За Февруарска бајка, која ќе се случи во сабота на 03.02.2024 година со почеток во 12 часот во Народен Театар – Битола се продадени 80% од картите, и тоа за само два дена. Станува збор за претставата “ЗаСпАнИоТ Снешко Белчо” во која учествуваат Снешко Белчо, Плетенка, Баба Рада, внучињата Паце и Маце….

Претставата е пропратена со новокомпонирани детски песни, кои се направени специјално за оваа претстава. Организацијата, сценариото и режијата за претставата е дело на Гоце Илиески.

Билети за претставата може да си резервирате 24/7 на 078/66 77 97.