Од 18 јули-понеделник, Центарот за култура во Битола е и организатор и дом на овој прв фестивал од ваков тип кај нас. посветен на широк спектар на етнографски филмски теми и авторски пристапи во истражување на традиционалното, но и модерниот начин на живот на заедниците во кои живееле и живеат луѓето, нудејќи разновидни увиди и методологии на работа на тимови од цел свет на такви филмови. Фестивалот ќе трае до 23 јули, 2022 – сабота.

Селектор на овој филмски фестивал е Тони Гламчевски, новинар од Франција кој со својата сопруга Блондин, таму организира свој фестивал и за оваа прва година направи е избор на 11 филмови, од кои 6 се долгометражни.
Селектираните филмови опфаќаат широк лак на интереси од културолошка тематика, како и социјална антропологија од повеќе континенти.

Мисијата на овој •Интернационален етнографски филмски фестивал• е да ги охрабрува истражувачките и создавачки пристапи во етнографските филмови, да ја едуцира публиката за богатството и разновидноста на локалните културни традиции, но и да го буди гласот на совеста кај проблемите на современите општества предизвикани од недоволната грижа за културното наследство.

Влезот за сите проекции ќе биде слободен 🔴 ве очекуваме на овој прв •Интернационален етнографски филмски фестивал• кој ќе биде нова традиција на градот Битола, кој има и филмска историја, но и иднина кога станува збор за квалитетни културни настани.

Во продолжение и неговата програма 🔻

18.07.2022 (понеделник)

Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Свечено отворање и проекција на филмот
“Poron Hahmosa Pitkin Taivaankaarta”
“Како ирвас под небесниот свод”
Документарен филм од Марку Лемускалио /
Markku Lehmuskallio
Финска, 1993 година 92 минути
НУ Центар за култура – Битола, голема сала – 20 часот

19.07.2022 година (вторник)

Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Проекција на филмoвите:
“A fome De Lazaro” / „Гладниот Лазаро“
Краткометражен документарен филм на Диего Беневидес /
Diego Benevides, Бразил, 2020 година / 17 минути
„Молокане“ / „Молокани“
Документарен филм на Саглара Турбеева / Saglara Tyurbeeva,
Русија / 2018 година/ 76 минути
НУ Центар за култура – Битола, мала сала – 22 часот

20.07.2022 година (среда)

Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Проекција на филмовите
„Amores” / „Љубови“
Краткометражен документарен и анимиран филм на
Атахауалпа Личи, Венецуела, 2020година, 15 минути
“El Misterio De Las Lagunas – Fragmentos Andinos” /
„Тајната на лагуните – фрагменти од Андите“
Документарен филм Атахуалпа Личи / Atahualpa Lichy
Венецуела/ 2011 година/ 91 минута
НУ Центар за култура – Битола, мала сала – 20 часот

21.07.2022 година (четврток)

Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Проекција на филмовите:
„The Dream of a Horse“ / „Сонот на коњот“
Краткометражен документарен филм на
Марјан Кхорсави, Иран, 2022 година, 25 минути
“Monde De Chez Ti Kaf” / „Светот на Ти Каф“
Документарен филм на Фредерик Ламболе и
Жан-Мари Пернел / Frederic Lambolez, Jean – Marie Pernelle,
Франција, (Остров) Реунион
/ 2018 / 68 минути
НУ Центар за култура – Битола, мала сала – 22 часот

22.07.2022 година (петок)

Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Проекција на филмовите:
JVOBTIK – Notre Musique / ЈВОБТИК – Нашата музика
Краткометражен документарен филм на
Умберто Гомез Перез / Humberto Gomez Perez,
Мексико, 2018 година, 20 минути
„La Grand – Messe“ / „Големата Литанија“
Документарен филм на Валери Розие и
Мерил Фортунат-Роси / Meryl Fortunat – Rossi, Valery Rosier,
Франција/Белгија/ 2019 година/70 минути
Продукција Супермуш Продксион (Епинал)
НУ Центар за култура – Битола, мала сала, 22 часот

23.07.2022 година (сабота)

Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Проекција на филмовите:
“Nichimal Son – Blooming Music” / „Мал звук – Музика што цвета“
Краткометражен документарен филм на
Хуан Хавиер Перез Перез / Juan Javier Perez Perez,
Мексико, 2018 година, 27 минути
“Waters Of Pastaza / Juunt Pastaza Entsari” / „Водите на Пастаза“
Докуменетарен филм на Инес Т.Алвес / Ines T. Alves
Португалија, 2022 година, 62 минути
НУ Центар за култура – Битола, мала сала, 20 часот

Фестивалот ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ и новиот•Интернационален етнографски филмски фестивал• е во организација на Центар за култура Битола и е во рамките на БИТФЕСТ – битолското културно лето.

Финансиски е поддржан од Општина Битола и Минстерството за култура 🔻🔻🔻

Овој фестивал е еден од лиценцираните светски фестивали на Cioff (може таг) светската фолклорна организација која се грижи за унапредување на грижата на нематеријалното културно наследство, фолклорот и традициите, со што ја продолжуваат мисијата на УНЕСКО, со која ЦИОФФ е во официјално партнерство 🔴