Ладино пејачката Сара Ароесте која е со битолско потекло ја започнува нејзината музичка турнеја низ Македонија каде ќе настапи на најреномираните музички збиднувања во Битола, Охрид и Скопје.

Ова е нова недела! И нова музичка турнеја! Одам за Македонија оваа недела за да ја започнам во живо премиерата на мојот проект Монастир, кој ги обединува Израелците и Македонците (и мене) за да ја прослават музиката на еврејска Македонија пред Втората светска војна. Ова е остварување на сонот за мене. Ќе настапиме за Локум фест во Битола на 22 јули, Охридско лето фест на 24 јули и фестивалот Скопско лето на 27 јули… објави таа на нејзината официјална страна.