Само месечината беше таа која цела вечер ни правеше друштво на Големо Езеро, во прегратките на Баба Планина . Дури и тогаш кога сонцето се појави на хоризонтот , таа не ни замина и остана тука да бдее над нас. Чат пат високо горе во небото и во друштво со ѕвездите, помалце и долу во камен ладната вода од ледничкото езеро. Кога градо ќе те умори, секогаш ќе биди тука планината за да те одмори. Убави моменти вредни за споделување. Уживајте во фотографиите исто како и вие да бевте таму …