Почитувани,

Ве известуваме дека поради големата заинтересираност за новогодишниот концерт „Виена во Битола“ одлучивме да има два концерти, со тоа што првиот концерт ќе почне половина час порано, односно во 19.30 часот, а вториот концерт ќе почне од 21.30 часот. А за да ја завршиме годината онака како што треба и да го направиме 26 уште поубав, помеѓу концертите ве очекува едно пријатно и вкусно изненадување.

Влезниците за првиот концерт ќе бидат пуштени во продажба денес од 11 часот, а за вториот концерт денес од 17 часот на билетара на Центар за култура, Битола, по цена од 400 денари.