Вечерва во 20.00 ч. во фоајето на НУ Центар за Култура во Битола нашиот сограѓанин и ликовен уметник Стефан Малбашиќ ја отвори неговата изложба „Сонувајќи ја природата“ со која ни ја презентира природата во најубавиот сегмент, односно убавината, нежноста и привлешноста на цветот.

Инспирација за овие цртежи уметникот доби од полињата и убавините на Кенија. Пригоден збор и свое обраќање како домаќин кој ја отворе изложбата имаше директорката на НУ Центар за Култура Маја Андоновска Илиевски, по која следеја промоторите на настанот Драги Филевски – Де Ниро и Владо Ѓоревски – Рафик.