Богатиот битолски стопанственик Илија Србинов кој имал пиварница (Скопска Пивара) и фабрика, покрај куќата на Широк сокак (сегашен Хотел и Пицерија Милениум), изградил и вила „Маедраг“, наречена според почетните имиња на неговите ќерки (Марика, Елка и Драга), која имала и базен за капење.

Илија Србинов

Доградил и мандра во селото Магарево, и постојано патувал во Скопје и Солун. Неговите потомци велат дека ретко го гледале, но го чувствувале неговиот претприемачки дух.

Илија Србинов бил успешен и без мобилни телефони, факсови, писмени договори, затоа што имал образ и чест, а неговиот збор и зборот на неговите партнери бил посилен од cѐ.

Ce вградил себеси во темелите на стопанското живеење на Битола и Македонија и заедно со таквите како него го засадил цвеќето што и по педеесетгодишно газење не овена, туку еве пред вашите очи одново разлистува, велат потомците на Србинов.

Но, за негова голема жал, во Битола по војната победила опцијата со која Србинов не можел да се помири и да ја разбере. Не можел да сфати зошто црвените му „обесиле табла со натпис купак и народен непријател“ и зошто него и неговите пријатели ги шетале како „мечки“ низ Битола, ги плукале и зошто ги суделе пред Судот за Македонска национална свест како народни непријатели.
Но сфатил кога му ги одзеле и куќата на Широк сокак, ОЗНА го истерала и од вилата „Маедраг“, за да ја претвори во репрезентативен хотел за дочек на официјални гости. Му забраниле и да стапне во фабриката и пиварницата, а му го одзеле и автомобилот. Своите предмети во домаќинството ги гледал кај други луѓе.


Извадок од книгата „Приказните од Широк сокак ” на Зоран Ѓоргиев, во продажба во книжара BOOK HOUSE, на ул. Кирил и Методиј до поранешна Општина.