За познатата фамилија на Робевци е пишувано многу ,Робевци се богата охридска фамилија, која според некои проучувачи се спомнува од 1379 година на надгробен натпис во црквата „Света Богородица Перивлепта“. Но, попознати се од времето на Стефан Робев, кој е основач на трговската фирма со која го стекнува тоа големо богатство. Тој кон крајот на 18 и почетокот на 19 век основал трговска фирма, која е проширена од неговоите синови Анастас (во некои извори се спомнува како Атанас) и брат му Ангеле, и нивните синови. Фирмата се бави главно со производство и продажба на кожи и крзна. Малкумина знаат дека Охрид е своевиден кожарски и крзнарски центар во 19 век во овој дел на Балканот и во Македонија.

Потомци од фамилијата Робевци веројатно се иселиле од Охрид во периодот меѓу Балканските војни и Првата светска војна. Денес, потомци од Робев има во Битола, Скопје, Белград, во Лерин, каде носат форма на презимето Роби. Ги има и во Бугарија во Софија, но и во Холандија

Од она што се знае за фамилијата е дека не се познати само како трговци, туку и по тоа што произлегле голем број интелектуалци и високо образовани луѓе.

– Најстариот син на Ангеле, Константин е првиот доктор на медицински науки во охридско-битолкиот крај. Докторирал во Виена во 1841 година и неговиот брат Ефтим, (кој починал многу млад не оставил потомци), докторирал во Лајпциг, Германија, каде извесен период бил и асистент. Од оваа фамилија излегле голем број интелектуалци во 19 век, во услови кога Македонија е дел од Османлиското Царство. Тоа е за почит, освен пари поседувале и интелект. Голем број од нивните потомци се доктори на медицина или други науки.

Синот на Анастас, Димитар, пак, е првиот пратеник во Османслискиот парламент во 70-тите години на 19-от век, претставник од Макеоднија од овие краишта. Познат бил како голем лобист за независна Македонија, но за жал неговите лобистички напори не вродиле со плод во тој период.

п.с. Најверојатно некој од фамилијата на Робевци од Бугарија ја продава целата колекција на разгледници па на таков начин истите завршиле на аукциски сајт од каде ние и ги пронајдовме.