Материјализиран Велигден, за пример како по учебник за веронаука! Наш сограѓанин, Филип, сопственик на ресторан Бар Манаки Битола , на своја добра воља, набави и приготви месо за Велигденски ручек и облагороди 10 домаќинства и околу 40 луѓе со празнична трпеза. Се работи за загрозени семејства. Од срце сакам да му се заблагодарам на овој млад човек, за оваа прекрасна иницијатива, преку која го храниме Христа во нас.

Луѓето, денес, си го подигнаа ручекот зготвен, топол и во нивно име, посакувам многу љубов, среќа и добро здравје на ваквите благородни луѓе. Иако, Филип не сакаше да се објавува никаде, чувствувам силна потреба да се чуе до небото овој пример кој треба да го следиме сите.

Љубовта се множи со делење.
Душата ми е полна!
Филип, ти благодарам! Да живее Битола!
Христос воскресна!

Јасна Николовска