Битола е град што може да се пофали веројатно со единствен примерок кај нас од реткото растение „магнолија грандифлорал“, што пред 30
години овде го пренел од Египет тогашниот битолски трговец Икономов, кога се вратил од Александрија. Се смета дека ваков вид растение во светот има само уште во некои предели на Северна Америка и во Египет

Меѓутоа, оваа реткост на битолската флора во последно време како да се заборава. Се допушта да се уништуваат нејзините корени па и сето стебло бидејќи е незаштитено, на аголот на меѓу две улици не се „потхранува“ врз жилите на неговите корени сега лежат бетонски тротоари.

Во годината на меѓународниот туризам што веќе почна во нашата земја, не би било лошо, ова ретко растение да се одбележи со посебен текст и домашните и странските туристи да бидат запознати со неговата вредност, како раритет, каков веројатно нема во ниедна друга европска земја.

Стеблото е високо 9 метри, а има пречник 25см. Цвета во мај и дава бели убави цветови, широки и по 20 см. Меѓутоа, со тек на време се забележува дека ова единствено стебло во градот во последно време почнува да се суши; на него граѓаните лепат најразлични афиши но не и оној најпотребниот со кој ќe ce обележи неговата вредност; ги цепкаат неговите кори, ги кинат цвеќињата и наједноставно речено го злоупотребуваат, еден ден сосема да го снема од ова место, а Битола да остане без својот единствен примерок на „магнолија грандифлорал”.

П. Невеновски


Весник “Вечер” од 1967 година.
Статија посветена на прекрасното дрво Магнолија во Битола.

Благодарност до Златко Ангелески.