РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека нов член на нашиот клуб е полскиот кружен напаѓач Матеуж Пиеховски. Повремениот полски репрезентативец, кружен напаѓач и ракометар со големо искуство низ европските лиги веќе е во Битола и му се става на располагање на стручниот штаб.

28-годишниот Пиеховски е дете на Висла, а настапувал и за шпански Адемар Леон, руски Виктор Ставропол, германски Емшдетен и турски Бешикташ.

210-сантиметри високиот Пиеховски играч за полската национална репрезентација и на големи натпреварувања, а низ кариерата настапувал и во сите натпреварувања на ЕХФ.

Пиеховски потпиша договор на една и пол година и официјално ќе биде претставен следната недела.