Почитувани,

Ве известуваме дека билетите за концертот „Засекогаш во срцата“ посветен на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски Бојс ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (12.02.2024), по цена од 400 денари, а истите ќе може да ги набавите од билетара на Центар за култура, Битола, од 11 до 21 часот.
Детали за изведувачите следуваат наскоро.

Повелете заедно да уживаме во музиката на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски Бојс.

Датум: 16.02.2024
Време: 19.30ч
Локација: Центар за култура, Битола