Веќе неколку пати сме ги посетиле Босанските пирамиди, јасно ни е дека станува збор за специфично енергетско попдрачје..
Но, скептицизмот сеуште владее…
Додека некои го сметаат за лудост тврдењето а Др. Семир Османагиќ , дека најстарите пирамиди во светот се во Босна, голем дел од посетителите веќе се уверија во постоењето на енергетските полиња.

Кога ќе имате можност ПОСЕТЕТЕ ГИ!

Она што науката го потврдила е следното :

– После радиокарбонското датирање на примерокот пронајден под бетонските блокови на пирамидата, утврдено е дека станува збор за старост од 29.000 години, плус-минус 400 години. Во текот на оваа археолошка сезона, пронајден е и досега најголемиот мегалит во подземниот тунел, мегалитот К-5, кој има маса од околу 40 тони.

-Истражувачите кои правеле анализи утврдиле дека тие се стари скоро 30.000 години. Големата Пирамида на Египет е 80 метри, а помалата Босанка е крстена по сонцето е висока 220 метри. Ориентирани се на север како египетските. Просторот е отворен и слободен за посети. По извршената анализа на електромагнетни зраци, откриено е дека врвот на пирамидата има посебна фрекфенција. На зракот му се зголемува силата со оддалечување од пирамидата. Истражувањата откриле дека се градени со регуларни блокови. Истрагите покажуваат дека постојат подземни конструкции, простории и езера под пирамидите со лекувачка моќ поради големото ниво на јонизација.

Некои сметаат дека до сончевата пирамида има тунел кој води од градот Високо. Никој не го потврдил тоа, иако има знаци за потенцијални отвори на неколку места во градот. Низ тунелите се влегува со шлемови, кои ги подаваат истражувачката екипа во близина. Влага и темнина владее во ходниците. Се претпоставува дека од нивното окно се стасува до врвот, а еден дел води во дното каде има простории со моќна вода. Велат дека било пронајдена плочка со клинесто писмо, која датира од пред неколку милениуми. Во внатрешноста имало и карпа со релјеф која претставувал карта, патоказ на ходниците.