Утре сабота во 19. 00 часот во спортската сала Боро Чурлевски во Битола за првпат ќе се одржи спортската манифестација во бодибилдинг за мажи и жени “ПАЉО КЛАСИК ОПЕН” каде учество ќе земат спортисти атлети од државата и странство. Како такмичарка ќе учествува и нашата битолчанка Цветанка Огненовски Аврамовска (35) ќе го преставува Фитнес Паљо во сениори над 23 години во „Фитнес бикини“.

Цветанка е сопруга, мајка на две деца која подолг период пожртвувано се подготвува и е целосно посветена на овој спорт. Ќе се бори за победа која не е само значајна за нас, туку за нашиот град.

Затоа вашата подршка и присуство ќе и бидат корисни во текот на цел натпревар. Вистина е дека атлетските спортисти се повеќе од инспирација за секого, но тука повеќе се работи за натпревар со самите себе отколку за натпревар со други луѓе. Ве очекуваме во голем број, заедно да славиме победа.