Од утре стапува во сила новата мерка за целосно затворање на кафичите, рестораните, обложувалниците, казината и продавниците*. Како можност останува рестораните да може да доставуваат храна дома или на врата на објектите во кои функционираат. Присуство на гости во објектите се забранува целосно. Со работа ќе продолжат само маркети, продавници за храна и аптеки.

Да се надеваме дека мерката нема да трае долго и дека се повторно ќе биде во ред бидејќи среќа е да се пие кафенце на Широк Сокак, но најпрвин сами треба да ја зголемиме самосвеста за да си бидиме ОК.

Седете си дома и уживајте заедно со вашата фамилија, а ние ќе бидеме тука заедно со вас малку да Ви смениме мисла.

*во официјалното соопштение е наведено само затворање за посетители на сите продавници во молови, освен супермаркети, продавници за храна и аптеки. За попрецизно дообјаснување сигурно ќе следи во наредните денови.