За прв пат во Македонија ставен лапароскопски абдоминален серклаж на бремена жена во 12 недела!
Абдоминалниот серклаж е интервенција која се изведува во нашата болница и останатите поголеми центри во државата. Начинот на кој се поставува серклажот е по лапароскопски пат кај небремените жени и со лапаротомија (класична операција) кај бремени жени.

Овој пат поставивме лапароскопски абдоминален серклаж кај бремена жена во 12та недела. Оваа е прва ваква операција направена во Македонија.

За разлика од абдоминалниот лапароскопски серклаж кај небремени жени, овој серклаж е ризичен и комплициран за изведување бидејќи матката на бремената жената е многу поголема и повеќе васкуларизирана, што може да доведе и до поголемо крварење.

“Ова е само уште еден новитет во полето на лапароскопската хирургија изведен за прв пат од страна на нашиот тим. Продолжуваме и понатаму да ги применуваме во државата најновите лапароскопски методи од светот” – вели Спец. Д-р Христијан Трпчевски

Линк до видеото