По повод 8-ми март денот на жената, во серијалот „Не само рамноправни туку секогаш во првите редови“ објавуваме интервјуа со жени кои секојдневно прават чекор напред кон успехот во различните дејности во кои тие делуваат. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и се стремат да ја постигнат целта која си ја поставиле на професионален план. Овој пат Ви го пренесуваме разговорот со дел од менаџерскиот тим на BV Bussines Group.

Денешниот серијал го започнуваме со Милена Карловска, мојата моментална работна позиција во компанијата е раководител на сектор Припрема во БВ ИНЖЕНЕРИНГ .

Вашата професионална патека во BV Buissnes Group, како се справувате со предизвиците во своите улоги, како жена на менаџерски позиции ?

Во БВ Инженеринг сум 10 години, односно тука започна мојата професионална патека. Старував како Градежен Инженер на терен со обврски за контрола на оперативното и административното работење на терен, координација и комуникација со надворешни соработници и подизведувачи, спроведување на процедурите за квалитет при работа.

Со предизвиците се справувам со тоа што се трудам за максимална решителност и “mindset” кон изнаоѓање на најсоодветното решение за даден проблем. Градам отворена комуникација со келегиумот, за да се минимизираат стереотипите поврзани со полот во тимот, бидејќи сите добро знаеме за градежништвото и така наречената “машка професија”. Давам максимум за претварање на предизвикот во можност за најекономичен и најквалитетен резултат на истиот.

Кои беа најголемите предизвици што сте ги искусиле како жена во менаџерска позиција ?

Како жена на менаџерска позиција најголем предизвик ми е изградба на доверба и стабилност во средина доминирана од искусни менаџери, како и осигурување на можности за кариерен раст и признавање на успесите.

Како ги балансирате професионалните и личните ангажмани како жена во раководни позиции ?

Балансирањето помеѓу професионалните и личните ангажмани, како жена во раководна позиции, го постигнувам со поставување на приоритети и поставување на јасни граници за одржување на здрав баланс помеѓу работата и личниот живот. Балансот го постигнувам со користење на техники за менаџирање на времето, за да се максимизира продуктивноста за време на работните часови со ефикасно делегирање на задачите и барање на поддршка кога е потребно.

Кои се вашите совети за други жени кои се стремат кон менаџментски улоги ?

Секогаш предизвиците примајте ги како можност за раст и учење, верувајте во своите способности и не дозволувајте никој и ништо да го подценуваат вашиот професионализам. Исто така многу важно е непрекинато инвестирање во своите вештини и образование за да останете конкурентни во вашата област.

И уште еден совет, кој според мене е многу важен, превземете одговорност за вашата работа и бранете го тоа што сте го изработиле самостојно.

Продолжуваме со Наталија Филиповска , раководител на секторот за јавни набавки, во БВ Инженеринг ДООЕЛ Битола


Вашата професионална патека во BV Bussines Group, како се справувате со предизвиците во своите улоги, како жена на менаџерски позиции?

Моите почетоци се од пред точно 12 години, како асистент, па се до денес како раководител на отсекот кој се занимава со изработка на тендерска документација. Секоја одговорна работа носи свои предизвици, независно од секторот. Затоа секој професионалец во својата работа пристапува кон секоја задача со иста доза на сериозност и одговорност, но секогаш треба да се размислува за нови можности и идеи при решавање на предизвикот.

Кои беа најголемите предизвици што сте ги искусиле како жена на менаџерска позиција?

Работам, во област каде секојдневно се менуваат закони, регулативи и има постојани измени затоа секоја моја задача ја работам со пристап решение на предизвикот прилагодувајќи се кон секоја задача идивидуално, а не систематски и кампањски.

Како ги балансирате професионалните и личните ангажмани како жена во раководни позиции?

Балансирањето меѓу личните и професионалните аранжмани е возможно само ако се прилагодуваме на секоја нова промена и задача. Моментот кога на професионалниот успех се радуваме исто како и некој успех на сопственото дете знаеме дека имаме совршен баланс меѓу личното и професионалното.

Кои се вашите совети за други жени кои се стремат кон менаџерски позиции ?

Бидете борбени и истрајни во целите кој сте си ги поставиле, опкружете се со луѓе кои ќе се стремат кон заедничкиот професионален успех, надградувајте се, уживајте во своите успеси, тие ќе ви дадат поттик за понатамошен личен и професионален развој.

Христина Поповска Галевска – машински инжинер раководител на сектор човечки ресурси во БВ Инженеринг.

Вашата професионална патека во BV Bussines Group, како се справувате со предизвиците во своите улоги, како жена на менаџерски позиции?

Мојата приказна во БВ Бизнис груп започна во јануари 2020 г., годината која кај сите нас остави трага, но кај мене и нов почеток во една нова област ,,човечки ресурси,,.Сите дами кои успеале во својата работа ,не го постигнале тоа преку ноќ.Зад нив се години и години макотрпна работа, но и тактизирања кои ги одржале на површината.Така и јас се носам со ,,мотото,, многу труд и многу трпение, да побарам совет и најважното да го послушам одговорот.Бидејќи треба одредено време да се докажете во својата позиција.

Кои беа најголемите предизвици што сте ги искусиле како жена на менаџерска позиција?

Жените се наоѓаат во постојано брза, стресна и компетитивно деловна околина и живеење. Управувањето со семејството, одличната професионална кариера и генерално животот на жената од деловниот свет, е најголем предизвик за мене.Исто така работата со луѓе е најтешка, бидејќи секогаш треба да си трпелив,концентриран и спремен за совет и одговор.

Како ги балансирате професионалните и личните ангажмани како жена во раководни позиции?

Трката кон успехот за една жена особено во нашето општество е навистина тешка. Секако дека остварувањето на повеќе работи одеднаш, се мисли како плус. И од тука е нешто кое се појавува како основа. Динамичното и брзо живеење, рапидниот развој на технологијата и константниот напор да бидеме во чекор со истиот, се разбира носат свои последици. Тоа секако се чувствува кај секој поединец. Со акцент кон понежниот пол, поконкретно на деловните жени, би рекле дека мултитаскингот е составен дел од нивната животна и кариерна патека.

Кои се вашите совети за други жени кои се стремат кон менаџерски позиции ?

На јдобриот совет кој можете да го слушнете? Не се срамете! Никогаш немојте да се плашите да се јавите на некого, да испратите мејл, да побарате совет,да прашате што не ви е јасно. Никогаш немојте да се извинувате затоа што сте успешни. И верувајте во своите инстикти. Ако нешто ви се чини остварливо и верувате дека ќе ви донесе награди, направете го тоа и не слушајте ги другите кога ќе ви кажат дека нема да успеете.