Многу од нас цел живот ќе ги паметиме искрените и несекојдневни ситуации по повод нашите родендени кои се залиени со многу љубов, испреплетени со грст емоции и убавина, и како такви спаковани во еден убав пакет се разбира како такви да бидат оригинални. И несекојдневни. Оригиналноста произлегува баш од тие внатрешни чувства кои излегуваат на површина тогаш кога најпоќе треба. И тоа се случува само еднаш и заради тоа се памти цел живот.

Натписот за оваа несекојдневна случка го компонираме дел по дел само заради скромноста на учесниците во него, бидејќи тоа си беше навистина нивна лична работа. Од тогаш помина некое време, но ние останавме малку поупорни бидејќи сакаме на сите вас повеќе да Ви ја доловиме што сѐ можи да направи некој кога станува збор за роденден кон некој што го сака. Е таа за нас битолчани мора да биде препознатлива и голема димензија.

Во главната улога се Елена и Игор. Во секојдневната комуникација низ Битолата во еден несврзан разговор со една од другарките кои се тука ни беше спомнато дека заедно сите другарки беа на роденден кај неа во Германија. Тоа така ни помина како и секој друг муабет се додека во друг разговор ни се спомна дека тоа беше изненадување од нејзиниот сопруг. И одма ние, првото значајно прашање „Битолчанец е сопругот?“. „Да“, беше одговорот. И така почна расплетот. Бараме инфо по една другарка, по друга, сите потврдуваат но никоја не се осмелува да раскажи. Епа време е со мажи да си фатиме работа, рековме, и го контактиравме главниот виновник за цела работа, Игор Мечкаров.

Позади сето ова нема некоја посебна приказна. Идејата се роди кога си бевме во Битола едно пола година пред нејзинот роденден. Уште тогаш сакав да ѝ подарам нешто посебно оти сепак ќе го прославуваше нејзиниот 40 јубилеен роденден ама не знаев точно што тоа да биди. Елена е многу комуникативна личност и градско чупе. Се познава со еден куп луѓе. И со сите одржува контакт колку што можи дали по социјални мрежи, Вибер или Ватцап итн. Дури не бевме во брак таа беше како „локален патриот” т.е. немаше живеено настрана во друго место или друг град. Додека престојуваше во Битола цело време беше со некој излезена , дали на кафе , или на ручек/ вечера или на пијачка, и си имаше некоја рутина да се гледа со еден куп луѓе. Кога се зедовме таа одлучи заради мене да ја остави Битолата и сите другари/ки и пријатели, за да дојди кај мене во Берлин да живееме заедно тука. Јас се разбира ја прашав каде сака да живееме и таа одлучно, без размислување рече дека заради мојата работа ќе дојди тука во Германија. И од тогаш сме цело време заедно се разбира . Ама знам дека и фалеа контактите во живо со другарките и пријателите. Не дека тука не излегуваме и не се сретнуваме со пријатели, ама не е толку интензивно и често како во родената Битола, каде што кога ќе ти текни креваш телефон сред ден и муабетот „Ај брат на кафе ” и одма ќе се најди некој за некаде. И така како што кажав кога си бевме дојдени минатата година во Битола, таа беше договорена со другарките на ручек. Шетавме низ Корзо и пред таа да се сретни со нив, влегов на кратко да се поздравам со чупињата и во тој момент ја видов колку е среќна и во свој елемент ко ќе е со нив и ми светна онака една блиц идеја. Си викам колку би било јако да можат сите да дојдат во Берлин и да ја изненадат за роденден”. Сфатив дека ако то го организирам би бил преубав поклон што ќе го памти цел живот. И така бидна. И кажав на една од другарките нејзини за идејата што ја имам, и ја замолив да ги праша останатите која е во можност и има време и желба да го напрајме тоа заеднички. Тие се договорија и се собраа десет чупиња од Битола. Бидејки беше навреме кажано мозеа да си купат евтини авионски карти и да се резервират соби во хотел. Цела организација се одвиваше тајно на тајни чатој и со многу претпазливост, за да не случајно падни во рака телефонот и да прочита. На крајот успеавме вистински да ја изненадиме. Од тука исто така организирав уште шест чупиња со кои што се дружи и така. Беа вкупно 16 жени и мислам дека многу добро си помина. Јас само ја однесов таму каде што беше резервирано за нејзиниот роденден и се вратив дома бидејќи требаше да ги чувам децата….ни раскажа за крај Игор.

Ние три жени не можиме да се договориме, додека Игор успеа 16 ги да договори, со се мене 17 беше . Секоја чест за идејата и на сите кои се организираа да дојдат, кратко додаде Елена.

Од нас еден голем поздрав, многу извинување за досадувањето и кај нив и по другарки, родители и слично, но мораме оваа случка да го оставиме како за пример на идните генерации на битолчани кои се надеваме дека колку толку ќе се држат на ова битолското.

п.с. една од 16-те другарки пристигна и од Шведска

п.п.с. И покрај едномесечните преговори слика не успеавме да обезбедиме.

п.п.п.с. Ако некоја се сожали од 16-те другарки нека пушти слика во инбокс, дискреција загарантирана хаха.

Обновено: Една слика ни е испратена и ја поставивме за насловна. Само за убо.