Битола веќе 50 години го негува пиететот на филмски град каде што над 20-тина светски филмови и телевизиски серии се снимени во внатрешноста и нејзината околина. Традицијата на снимање филмови ја започна доајенот на балканската камера, нашиот сограѓанин Милтон Манаки кој уште на почетокот во 20-от век завлече нога за и ден денес автентичната градска битолска архитектура, околните села, пространите места и ливади бидат дел од репертоарот на филмовите каде учествувале големи светски имиња како Вуди Херелсон во Добредојдовте во Сараево (1996), Џорџ Клуни и Никол Кидман во Миротворец (1997г.), Џозев Фајнс, Дејвид Венам од познатата трилогија Господарот на Прстените и Адријан Лестер кои учествуваа во снимањето на филмот на Минчо Манчевски „Прашина“, додека светски познатата манекенка, црномурестата Наоми Кемпбел беше нивна гостинка во хотелот Шумски Фенери, па Раде Шербеџија, Драган Бјелогрлич, Игор Џамбазов и многу многу други.

Филмови и телевизиски серии кои во последниот 50 годишен период се снимени во Битола и битолско се Македонскиот дел од пеколот (1971), Наши години (1979), Илинден (1981), Трговецот од Солун (1985), Пред дождот (1994), Добре дојдовте во Сараево (1996),

Миротворец (1997),

Збогум на дваесетиот век (1998),

Прашина (2001),


Големата вода (2004), Тајната книга (2006), Караула (2006), Збогум Румелија (2007), Парада (2011), Трето полувреме (2012), Кум (2013), Балканот не е мртов (2013), Тврдокорни (2013), До Балчак (2014),

Банат (2015), Ослободувањето на Скопје (2016), Сенките на Балканот (2017).

Во последните години снимањето и посетата на продукциски куќи на територијата на град Битола стагнира од за нас непознати причини, иако имаше најава за отворање на студио на филмаџии од Холивуд со помош на оскаровецот Лепински се случи бесцелно рушење во 2015 г. на 1.600.000 евра вредните макети од градби и улички кои беа во битолската стара касарна како дел од познатиот проект Битола Филмски Град.