Набљудувачите на мотоциклистички трки организирани од автомобилскиот клуб „Ѓорги Наумов “од Битола, пред неколку дена беа многу изненадени кога на трката во категорија на мотори од 125 кубика видоа на стартот четири мажи и една жена. Се работи за Љиљана Симова од Скопје, матуранка на Трговската академија.

Ниту еден од публиката не и даде шанса на Љиљана, меѓутоа кога започна трката веднаш се почувствува дека таа можи да се токми со сите натпреварувачи. После првиот круг успеа да избие на првото место. Гледачите како на фудбалски натпревар започнаа громогласно да ја бодрат Љиљана. Нејзиното водство таа успеа да го задржи до крајот на трката. Од страна на гледачите и учесниците таа беше искрено и срдечно поздравена.

На свечената вечера кога се доделуваа наградите Симова беше пречекана истотака со голем и срдечен аплауз. Кога ја запрашале што сака најповеќе, таа одговорила да добие тркачки мотор што побрзо…

С. Мачески за најверојатно весникот Политика, година непозната (од 1950-64), исечок од Фондот на Томе Ставревски „Спорт“ во битолскиот Архив