Инаку денес е сончев ден во Битола, ама над 100 метри.

Инспириран од мирисот на воздухот деновиве, а револтиран од една слика од едни лица сликани зад еден транспарент која ја видов вчера, дел од нив тогаш голтари (а денес милионери), решив да ја сликам моменталната ситуација.
Да бидам искрен политичарите не ми пречат. Еден од нив дури и ќе се куртули, па тој и неговите ќе се надишат чист воздух во Словенија, земја со ист број на жители и територија колку Македонија.

Ме нервира молкот на сите нас.

Денес е гнасен воздухот, утре партијата е на власт и е ОК. Некој чека вработување, некој фатил некоја коска па глода и се плаши да не ја изгуби, трети не добиле директива од партија па не знаат да мислат, има такви кои кренале раце, а многу луѓе едноставно се плашат јавно да искажат став.
Моментално и не се знај кој е одговорен, па многу луѓе не знаат дали е ОК да се пожалат, оти никаква директива не е стигната.

А сите ние (и нашите деца !!) вдишуваме околу 23.000 пати на ден

Јасно е дека не е едноставен проблем и дека не можи да се реши со магично стапче. Ама од друга страна пак не сме прв град во светот и не треба некоја посебна равенка.
-РЕК уште нема филтри, горат во печките се и сешто. На пепелта еден куп луѓе се офајдија и пак не е решена, а според најавите ќе се активира и трет блок
– ефикасен градски превоз нема,
– централно греење нема во ниту еден дел од градот, а системи постојат на неколку места.
– нити еден индустриски загадувач не е казнет
– дрвата на кај многу луѓе стигнаа влажни (не горат и многу чадат), а кај дел гледам и уште стигаат
– пелетите изгор,
– струјата никој не знај како се пресметува и колку ќе дојди сметка на крајот на месецот
– се дадоа гратис 2000 инвертери, меѓу кои и на луѓе кои никогаш не се грееле на дрва,
– велосипедски патеки – јок,
– излирани фасади – многу малку

И најстрашно од се, од година во година сме полоши во статистиките!!!

Јове Парговски