Државниот Архив Одделение Битола заокружи дека изминатата 2022 година е успешна година за нив објавувајќи ги резултатите кои ги постигнаа во неа:

Реализиравме три изложби од кои “Милтон” – 140 години од раѓањето на Милтон Манаки веќе се наоѓа во Нови Сад – Европска престолнина на културата за 2022 година и горди сме што имаме можност да ја презентираме нашата држава и нашиот град. Имавме одлична соработка со неколку локални институции при реализацијата на неколку проекти, рекорден број на преземања на архивски материјал од иматели со што докажуваме дека водиме грижа за нашата историја. Успешно го започнавме проектот “Time stands still..” со што конечно во блиска иднина ќе го имаме комплетно дигитализиран Фондот 580: БРАЌА МАНАКИ. Грантот во рамки на Endeared Archives Program администриран од British library е голема одговорност и сигурни сме дека и во 2023 година ќе ја оправдаме довербата. Елаборатот кој го изработивме и го доставивме до Управа за заштита на културното наследство е веќе процесуиран од страна на Националниот совет за култура и веќе има предлог акт за прогласување на архивскиот фонд Браќа Манаки за културно наследство од исклучително значење. Заштитата на овај најзначаен фонд на Балканот беше наша мисија и успешно ја реализиравме. Во Новата 2023 година ќе работиме на реализација на проектот “Спомен соба на Манаки” чие што идејно решение го добивме како донација. Голема благодарност до нашите соработници, подржувачи, пријатели кои беа покрај нас оваа 2022 година и до највисокото раководство на Државниот архив од кое што секогаш добивавме безрезервна поддршка. Видеото од идејното решение за Спомен собата на Манаки е наш новогодишен подарок за секој од Вас. Имајте успешна 2023 година.