Здружението “ЛАТЕРАЛ -Битола”, ги заокружи овогодинешните збиднувања со проектот “Среќни Новогодишни и Божиќни празници! Ви пожелуваат Битолските писатели”.

Во рамките на проектот беа поделени 100 книги, спакувани како новогодишни подароци, во присуство на писателите: Гордана Такец, Симс Себастијан Паркет и Игор Трајковски Фоја на случајни минувачи на плоштадот Магнолија. За книгите да дојдат до вистинските читатели и да бидат уредно спаковани, со што ќе започне да се шири божиќната магија на пишаниот збор, се погрижија: Сања Трајковска и Елена Стојчевска.
.