Англиската писателка Мери Аделејд Вокер ја опишува кафеаната Низамије во Битола во 1860-тите, каде што за првпат во османлиска Македонија да навлезе европската мода, а на жените христијанки им било дозволено да седат во кафеанската градина.

Таа е Longchamps на Битола. Тука се собираат Турци, Евреи и христијани за да пијат ракија, да играат табла, а можеби и партија билијард. Во неделите и за време на празниците, женската градска елита седнува на столици во очекување намерниците да се воодушеват од нивната облека. Се присутната кринолина, и покрај недостатокот на парна железница, успеала да си го пробие патот дури и во дивините на Македонија, донесена веројатно на грбот на некоја камила. Во последните десет или дванаесет години, многу од богатите влашки и грчки дами ја прифатија „франкиската“ гардероба, иако не и нашите навики и манири.

Со појавата на балканските пропаганди во османлиска Македонија, дошло и до промена кај кафеанските клиенти. Во Битола, Солун и Скопје започнале да се отвораат грчки, бугарски, романски и српски кафеани, кај што следбениците на одредена пропаганда го минувале времето без да се мешаат со непријателот, иако непријателот понекогаш бил брат или близок роднина.
Некои од кафеаните беа најмодерни – со мермерни маси и убави столици, исто така и неколку гостилници, од кои дел беа беспрекорно чисти, какви што беа и главните кафеани.

Извадок од Кафето и кафаните на Никола Минов

Голема благодарност до Васко Гичевски