После подолго време и нерешените проблеми поврзани со естетскиот изглед на Широк Сокак, кој замислете е заштитен со Законот за старо градско јадро, ама нема кој да го спроведи, надлежните се одлучија на револуционерен чекор, да постават подно греење под гранитните плочки на Широк Сокак и тоа во делот каде што се кафичите и рестораните сега заградени, да има подно греење со поголем капацитет и со тоа конечно да се извадат поставените ламарини во комбинација со бродски под, т.н. „Вагони на Трајанка“ и Широк Сокак повторно да го добие назад неговиот сјај, препознатлив изглед, историска убавина и друго. Тука сигурно многу се размислуваше и за да се врати зимската штикла на Широк Сокак, да нема голомразица на црните плочки кои на зима лизгаат најпоќе итн. итн.

Ова е единственото решение кое моментално можи да се примени во делот на инфраструктурата на Широк Сокак каде ќе бидат задоволни илјадниците битолчани заедно со неколкуте сопственици на вакви објекти. Со ова повторно ќе се добие отворен простор, а ние како Општина и ќе го субвенционираме пиењето кафе на отворен простор бидејќи знаеме дека ладниот воздух го јакне човековиот метаболизам, а се разгледува идејата поднесена од еден советник кој не е со градско потекло, тие што ќе седат да се покриваат и со мало дифтиче или веленце, не запозна Диме вработен како хаус мајстор во Општината , но сакаше да остане анонимен.

Моментално работите се во стенд бај ситуација бидејќи го чекаме топловодот од битолски РЕК, новата битолска топлификација која ќе обезбеди неколку убави и платени работни места за најлојалните битолчани кои се верни до гроП на нивната партија. А доаѓањето на топлата вода во Битола најверојатно ќе биде исто како што неколку години е со филтерот за оџаците на РЕК – ќе ни го клават пополека за ние да не го сетиме…


Текстот е измислен и е дел од рубриката ЛабавО, наменет за забава на пошироката народна маса, но е поврзан со вистински проблем кој за жал се потпикнува под черџе…