Пред некој ден пожар ја проголта куќата на еден наш сограѓанин за што се потребни донации за санирање на штетите во што побрз период односно пред да паднат температурите под нулата. Ајде битолчани и други хумани луѓе да бидиме солидарни со фамилијата во ова тешко време за нив и заедно да му помогниме.

До сите битолски кафе барови, ресторани, ноќни клубови каде викендот ќе има многу посетители, до сите продавници, Веро, Тинекс, Кам и сите заинтересирани, бутици, фабрики, повелете едно СЛИЧЕ кое ќе го залепите на едно кутивче и заедно да собериме и на овај начин кој колку можи да помогнеме. И пратете ни слика, ние ќе Ве споделиме. Заедно за покрив на куќата на Андрај. За останатите повелете сметка во Стопанска Банка Скопје 200003791663062 АНДРЕЈ ПЕТРОВСКИ. Ќе гледаме нешто и сами да испечатиме и да Ви донесиме барем на Корзо. Споделите.