Познавам многу личности, емотивен сум кога ќе разговарав со некого – ако плачеше тој и јас плачев заедно со него, кога го пишував текстот уште еднаш плачев, кога ќе излезеше написот, кога ќе си го читав – уште еднаш плачев ако беше некоја жалосна приказна. Меѓутоа, имам и такви убави написи каде што секогаш до израз доаѓала вистината, чесноста на луѓето, нивната работливост, нивната улога да направат нешто добро и за градот и за државата“, вели пензионираниот новинар, Петар Ставрев.

Ова е 83-годишниот Петар Ставрев, пензиониран новинар, фоторепортер и хроничар на градот Битола, кај кого љубовта кон неговата фела никогаш не престанала.

Својата професија ја започнал како новинар во Радио Битола, но исто така работел и за Радио Скопје, весниците „Нова Македонија“ и „Вечер“, за Македонската радио телевизија, Радио телевизија Србија, како и локалните телевизии Орбис и Тера.

За целосното интервју посетете го линкот на VOANews ТУКА

Извор Глас на Америка, VOA News