16 мај, 2022 од 20.00ч

Поминаа повеќе од 67 години, откако ансамблот на народни песни и игри ИЛИНДЕН од Битола, започна да ја чува, негува и да ја шири нашата традиција.
Низ сите тие години светот се менуваше околу нас, но ИЛИНДЕН секогаш го чувал највредното…

Меѓу тие бисери се Градските приказни кои се подвижен музеј за овој град.

ИЛИНДЕН е тука да го спои сѐ она што се менува и сѐ она што треба да остане исто. Ние сме врската помеѓу минатото и иднината. Тука сме да бидеме чувар на наследството, но и животворец на Битола низ песни и игри, затоа што Битола е градот…

Очекувајте посебен концерт на ИЛИНДЕН, во посебен амбиент на ОФИЦЕРСКИ ДОМ…каков што заслужува Битола.