Официјалниот видео спот за “Една серенада” во изведба на Перо Христов, изведена на фестивалот за староградска музика “Ех, таа серенада” 2023 – Битола е веќе достапен на YouTube. Музиката и текстот се н Петар Георгиевски Калица, додека аранжманот е на Живоин Глишиќ. Спотот е снимен во Офицерски дом – Битола и Старата битолска чаршија во копродукција со Културен и информативен центар – Битола од страна на Томе Влашевски Куба и Агим Џело со учесниците – Антонија Божиновска, Младен Коминовски, Дарко Кулевски – Хармоника. Благодарност до сите!
Уживајте!