СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ: БРАЌА МАНАКИ (Frații Manakia. Jurnalul unei lungi priviri înapoi / The Manakia brothers. Diary of a long look back) Документарен филм, Романија 2017, 90 мин., црно-бел / колор, ДСП Сценарио и режија: Елиза Здру (Eliza Zdru).

Идејата на авторката Елиза Здру да направи документарец како СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ: БРАЌА МАНАКИ се родила на многу интересен начин. Елиза пронашла стара фотографија од своите предци од 20-тите години на минатиот век, која, иако немала потпис, многу потсетувала на стилот на браќата Манаки.

Истражувањето околу семејната фотографија постепено се испреплетувало со приказната за животот и делото на браќата Милтон и Јанаки Манаки, а Елиза документарецот, освен во Романија, го снимала и во Грција, Бугарија и во Македонија. Дел од документарецот го снимала на улиците на Битола, а во 2017 СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ: БРАЌА МАНАКИ ја имаше честа да биде прикажан на Интернационалниот филмскиот фестивал на кинематограферите „Браќа Манаки“. Говорејќи за искуството од снимањето на филмот, Здру истакнува дека во Романија, Грција, Бугарија и во Македонија, каде што истражувала и го реализирала СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ: БРАЌА МАНАКИ, слушнала дека браќата Манаки си припаѓаат единствено сами на себе, тие се пионери на кинематографијата на овие простори. Критичарите ѝ предвидуваат професионален успех на Здру поради нејзиниот студиозен и креативен пристап во СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ: БРАЌА МАНАКИ.

Погледнете исечоци и дел од документарецот заедно со гласот на Милтон Манаки

Извор на текстот Кинотека на Македонија и Манаки

Голема благодарност до Благојче Андонов за испратениот материјал