Во четвртокот на 11-ти август 2022 г. битолскиот фотограф Сашо Ставрев во Центарот за култура – Битола ја претстави неговата фото изложба “Битолски естрадни скици” под покровителство на Општина Битола и Бит Фест 2022 г.

Сашо Ставрев (1970) роден во Битола, по завршувањето на високото образование ја продолжува големата љубов кон естрадните настани и со фото апаратот и камерата регистрира голем број манифестации кај нас и во други земји. Овие фотографии насловени како “Битолски естрадни скици” се само дел од неговиот богат опус кој досега е презентиран и низ повеќе од 30 фото изложби за кои има добиено поголем број награди. Благодетите од естрадните настани будат пријатни спомени кои емоционално понекогаш остануваат незаборавни. Со нив се поттикнува творештвото, енергијата, се јакне духот и моралот. Нека овие “естрадни скици” ја зајакнат вашата љубов кон нив, како што ја негуваше желбата за да ги оттргне засекогаш од заборав.

Поставката на фото изложбата ќе биде изложена недела дена во фоајето на НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА-БИТОЛА.