Битола денеска остана без уште една урбана легенда. Поради здравствени проблеми почина Вања Георгиевски Американецот на 58 години.

Наш сограѓанин лојален на битолското во нас, присутен на сите натпревари на Пелистер и Македонија како на домашно така и на светско ниво.

Вистински другар и боем кој секогаш беше дете во срцето, еден од освовачите и постојано со шалот од Пелистер. Голем другар со членовите на сите останати навивачки групи кои денес изразија сочувство од Прилеп, Скопје, Велес, Кавадарци.

Последните години Вања Георгиевски беше задолжен за организација и логистика на филмовите кои се снимаа во Битола и нејзината околина и постарите го паметат како еден од првите сниматели со камера на свадбените свечености во Битола.

Широк Сокак ќе биде попразен без тебе Вања. Кафанчето на Цане Боксеро ни остана без еден од најголемите другари и боеми помеѓу битолчани.

Нека почива во мир.