Денеска до Општина Битола поднесовме барање барем на кратко да ја вратиме познатата ДЕМБЕЛ ЧАРШИЈА, а со тек на време а зошто и да не, да си ја вратиме и засекогаш препознатливата за нас и славна чаршија во која уживаа еснафите, боемите и бекриите. За таа цел денес го испративме ова барање и известување за да ни одобрат користење на јавна површина кое јавно Ви го пренесуваме:

До Општина Битола

Почитувани,
На ден 17.08.2023 г. четврток во временскиот период од 20.00-01.00 ч. веб страната Бабам Битола (babambitola.mk) заедно со Рудо Јагне на ул.Булевар 1-ви Мај и кафе бар Везилка на ул.1-ви Мај во Битола ќе бидат организатори на културно забавен настан со име ДЕМБЕЛ ЧАРШИЈА за кој ни е потребно на наведениот датум и време од ваша страна да ни одобрите користење на дел од јавна површина (паркинг на левата страна) во делот од мостот кај Безистен, од семкарница Грам ул.Булевар 1-ви Мај до ул.Столарска поточно делот само кај старите таксисти пред сендвичара Рудо Јагне со што сообраќајот ќе биде слободен и прооден од Саат кула према мост Безистен.

За овај настан се планира да има поголемо присуство на граѓани во овај дел на Битола и со таа цел ве замолуваме за дозвола на користење на патот на Општина Битола поточно на наведената локација.

Однапред Ви благодариме