Болница Плодност повторно со нови медицински зафати и решенија за своите пациенти!!!
Ендометриозата е имплантација на ендометријални клетки или клетки од слузницата на матката надвор од шуплината на матката. Тоа е поврзано со хронични болки во стомакот, субфертилност и нарушен квалитет на живот.
„Златен стандард е вадење на ендометриозата хируршки – лапароскопски или со класична хирургија. Хируршкиот третман е ексцизија, вапоризација, коагулација и комбинација. Ги применуваме сите техники, но овој пат направивме вапоризација на ендометриоза на јајникот со аргон плазма.

Новиот апарат кој го употребуваме емитира кинетичка енергија која ослободува јонизиран аргон гас, кој врши коагулација на крвните садови, вапоризација и уништување на несаканото ендометриотично ткиво на јајниците во овој случај.
Многу е важно што оваа метода има минимален термален ефект и помалку го оштетува ткивото во однос на електрокоагулацијата. Особено е корисна кога има расфрлени импланти насекаде по стомакот.

Кај нас и понатаму на прво место ќе биде лапароскопската ексцизија на ендометриозата, а за помали лезии и дисеминирани лезии ќе ја применуваме оваа метода, чиј бенефит секако, ќе го почувствуваат пациентите“, вели специјалист д-р Христијан Трпчевски