На вториот ден на Националното првенство за младинци/ки, кое се одржа во Скопје, 25 – 26.05.2022, АК Олимп повторно има пиедестал.

– Христијан Котевски со време 23.28, го освои 3то место во дисциплината 200 метри мажи

– Наталија Чона со време 27.84, го освои 3то место во категоријата 200 метри жени

– Стефан Туловиќ, ја имаше првата официјална трка на 200
метри и истрча време од 24.99

Само да потсетиме, ден порано

– Наталија Чона на 100 метри, на 3то место, со личен рекорд од 13.22

– Христијан Котевски на 100 метри, освоено 3то место со личен рекорд и време 11.65 и второ место на 400 метри со време 52.98

– Стефан Туловиќ, освоено шесто место на 100 метри, со време 12.17

– Најмладиот учесник на натпреварот, десетгодишниот Илија Петровски, на 100 метри оствари одличен резултат од 17.47, и пред него претстои блескава иднина

На натпреварот со нив беше тренерот на АК Олимп, Вера Велјановска.

АК Олимп