Лапароскопската хирургија и хистероскопските операции се позачестени во Болница Плодност. Класичната хирургија во 85% од случаите ја заменивме со лапарохистероскопски операции, кои за докторите се потешки за изведување, но за пациентите бенефитот е голем. Хоспитализацијата трае од неколку часа, до максимални два дена, со што опоравувањето на пациентите е пократко и побргу можат да се вратат на работните обврски.

„Минатата недела во Болница Плодност беше многу динамична, беа изведени 10 хистероскопски и 12 лапароскиопски операции за вадење на цисти на јајниците, од кои 4 завршија со тотално вадење на матките. Во еден случај беше изведено комплетно вадење на лимфните жлезди во малата карлица за карцином на ендометриумот и една несекојдневна лапароскопска пектинеопексија, подигнување на вагиналните ѕидови за пектинеалниот лигамент на пубичната коска кај пациентка со т.н. Vault prolaps, после класично вадење на матката.

За оваа операција, која единствено се прави кај нас во Македонија и само во неколку напредни лапароскопски центри, како најнова метода за која се уште се собираат првичните искуства, повеќе ќе информираме во наредна објава. Го чекаме исходот од опоравувањето на пациентките. Првите две беа одлично корегирани. Во светот има малку објави за ваквиот тип на операции и се собираат почетни искуства. Доколку имаме поголема фреквенција, значаен ќе биде и нашиот придонес“, истакна д-р Христијан Трпчевски, шеф на одделот за ендоскопска хирургија.