Со огромно задоволство ја информираме ракометната јавност, дека нов тренер на РК Еурофарм Пелистер е господин Александар Јовиќ. Исто така информираме дека за нов стручен тим-менаџер е назначен господинот Звонко Шундовски.

Управата на РК Еурофарм Пелистер смета дека ова е најдоброто можно решение за постигнувањето на главната цел оваа сезона. Упатуваме голема благодарност до Јовиќ и до Шундовски кои во овие сензитивни и значајни моменти го прифатија големиот предизвик. Клубот наскоро ќе го објави составот на стручниот штаб и реогранизацијата до крајот на сезоната.