8-ми Март на времето:

– Ден на жената, фала за цела година готвење, пуштени машини, менување пелени, трпење на мажот. Шо е фалата? Ружа. Не Ружа како женско име да е помошничка туку цвеќе. Држ ова мртва флора со трња пошто без тебе би умреле за 17 сати. И побрзо со ручекот.
– Сите давате по 100-ка, има две шо уште во основно се 40 години постари од вас на однесување и размислување и одат да и купат нешто на класната. Ламба, тенџере, тостер, сточна храна за Сименталки или шо и да е. Обично им останават по 100 денари за благо и ќефој се ко ќе седнат во слаткарница.
– Прослсва локална кафана. То е… Мени карта со неограничено пиење и шо останало од свадбите викендот за јадење. Свири локален бенд. Жените средини со ладна, тапирани, костумчиња од 80-тите, секогаш има некоја шо сака да крени појќе па е главна. Нарачва песни, вади штикли, сама тера оро. Поклон добиваат и од синдикат, комплет филџани.

8-ми Март сега:

– “Кој ти курац со цвеќето? 8-ми треба да дојди да ми поклониш цвет?” е една варијанта.
– Друга варијанта е strong black independent woman шо не слави 8-ми Март, па то секој ден било осми, па била борка, трета брачеда на Роза Луксембург и комшивка на Клара Цеткин. Еби се и ти и патријархатот сама ќе си купам цвеќиња! За три години ќе е мажена за најголемиот ропак во радиус од 200км и цвеќе евентуално ќе добие ако умри пред него.
– Трета варијанта е незадоволна. Секогаш. “Да, добро е џип Порше, почитувам то, него елката е со мирис на цитрон и планински извор, а сакам со мирис на цитрон и мошус. Дали воопшто ме познаваш???” Обично добива по 120 ружи, 20 повеќе од шо знај да изброи и после станот и изгледа ко да имало погреб во наредните две недели.
– Жена другог система. Шо сака? Нешто практично. Експрес лонец, нова даска за пеглање, вода во куќата да не мора да носи од Рашче… И задоволна е.
– Класната добива 274 подароци, секој посебно пошто не можи да се договорат кој појќе да ја дарува како да се на Оксфорд не во основно во Виница шо е задолжително со закон да го завршиш да не плаќаш казна.
– 8-ми Март во Виена. 8-ми Март во Венеција. 8-ми Март во Париз. Ексклузивно 8-ми Март на Марс преку синдикат на 12 рати, ќе ве забавуваат “Вселена Бенд и Гојко”, а ќе можете и да го колонизирате Марс. Во тој случај нема финџали од синдикат туку скафандер.
– Кај и да е прославата оди лајв на Инста, Фејсбук, локалната телевизија, ЦНН и уште две афрички телевизии. Нормално со 612-сторија, ко Нобелова да зеле, а не салата и ракија во кафана. Таа шо праеше атмосфера појќе не иди оти ја клале на Јутуб. И ја уби џигерот пред три години. РИП.

Божидар Божиновски ака Моџо Килингтон