Нашата битолчанка Јована Матевска Атанасова е добитник на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2020 година

од August 9, 2021 0 коментари

Нашата битолчанка Јована Матевска Атанасова, романсиерка и рецензентка е добитник на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2020 година. Во 2015 и 2016 година добила откупни награди на конкурсот за краток расказ на Нова Македонија. Покрај нив нашата битолчанка е добитник и на повеќе награди на општински и регионални натпревари за кратки раскази. Нејзините раскази се застапени и во повеќејазични збирки „Бибер“ кои ги опфаќаат темите за помирување од војната, во појасот на бившите југословенски простори. Напишала два романи „Тамбовските снегови“ и „Писмата во библиотеката“. Во публикација е нејзината прва збирка со раскази, поддржана од Министерството за култура, „Гладоморје“.

Наградата ќе се додели на 13 август 2021 г. на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Инфо Ohrid.gov.mk

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *