БИТОЛА, ул.Рузвелтова бр.18 тел.075 22 47 22, Нов пазар 075 44 57 40

The Budget Savvy Travelers е блог создаден од двајца американски авантуристи , сопружниците Аудреј и Хари кои се во ТОП 10 блогови за патувања. Преку нивните патувања и доживувања им помагаат на малите бизниси да ги споделат и промовираат нивните услуги на големиот светски пазар .

По мала пауза ова лето повторно ја посетија Македонија, земја во која навистина се вљубени и надалеку ја промовираат, вклучувајќи го и нашиот град Битола. А баш тука замислете го пронајдоја македонската верзија на Адам Сендлер:

„Дечки, едноставно не можевме да дишеме во Охрид. Во Црна Гора, колку повеќе туристи/луѓе, толку порелаксирана беше околината. Еве, тоа е сосема спротивно. Требаше да се симнеме од главната рута за одмор за повторно да уживаме. Дали тоа има смисла?…“ напишаа на нивниот блог при нивната прошетка низ Широк Сокак.

Некој од нашите битолчани му пренесе на битолчанецот Константин Сиваков за пишувањето на нивниот блог, а тој секогаш расположен за нови познанства ги почасти со пијачка:

Ок, некој му кажа на „Зохан“ за нашата објава и затоа тој не почасти пијачка во барот? И знаете што, тој навистина личи на Адам Сендлер според апликацијата на која светска ѕвезда изгледате!… дополнија за нивната дешавка во Битола.

Ете така, си имаме странци кои уживаат во Битола и Македонија, си го имаме сега и битолскиот Адам Сендлер и да си ги поздравиме сите оние кои добронамерно и светски го промовираат нашиот град и убавина.

Извор

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here