Во оваа едиција може да ги најдете следниве наслови:

Петар Пан, Пепелашка, Трите прасиња, Мачорот во чизми, Снежана.

Ова се веќе добро познати безвремени приказни, но овој пат со интересен формат и привлечни илустрации кои ќе им го задржат вниманието на децата.

Гарантираме дека не само што ќе го привлечат вниманието на децата, туку и со задоволство ќе ги замолуваат мама и тато или баба и дедо да им ги читаат, постојано ќе бараат да го прават тоа за нив, или, пак, за оние кои знаат да читаат ќе им се враќаат на овие приказни повторно и повторно …се додека не ги научат сами да ги раскажуваат.

Во сликовниците се раскажува со лесен, ненаметлив и едноставен стил. Речениците се кратки, јасни и содржат зборови кои се разбирливи за децата. Разиграниот и различен тип на букви и разиграноста на цртежите и тоа како ги мамат децата постојано да ги прелистуваат страниците.

Петар Пан, магичното момче од Недојдија, и неговата пријателка Ѕвончица им приготвуваат изненадување на двете братчиња…откријте за какво незаборавно искуство станува збор.

Тешкиот живот на прекрасната Пепелашка прераснува во бајка откако принцот ја одбира токму неа за животна сопатничка. Како….ах, за тоа повеќе во сликовницата.

Трите мили прасенца сакаат да започнат живот, секое во своја посебна куќа. На што наидуваат и каква порака има од најстарото прасенце – ќе дознаете сами!

Мачорот во чизми е толку привлечна приказна, а овде е проткаена со римувани стихови. Воодушевуваат постапките и идеите, неговите мудрости и како тоа успева на еден волшебен начин едно обично момче да претвори во „маркиз од Карабас“.

Познатата приказна за Снежана и седумте џуџиња раскажува за добрината и карактерот и за убавината на Снежана. Како и помагаат џуџињата и како таа ќе биде избраничка на принцот…дознајте читајќи!