cof

by Кекел

Време е за битолцизми, денес на репертоарот имаме два, СМЕНДЕР и ПАПАФИНГО

Смендер

Кога? Знајш кога? На СМЕНДЕР, ете тогаш

Означува нешто како на Свети Никогаш или на Свети Терминатор Зимски

Вака се дава одговор на непостоечко прашање. На пример Менде му вели на Цане дека комшијата престанал да пие. А Цане му одговара – Знајш кога ќе престани да пие? Знајш? На смендер ќе престани.

Постои и друго користење на смендер, како локација, географски поим.

Означува некаде таму каде што не постои. Ај шо не постои туку е многу далеку. Како за некаде или никаде. Вообичаено како комичен коментар. На пример, Мице, але знајш кај ојде Благето? Мица одговара На Смендер ојде? Не ле па ти, каква си, само за мајтап. Скопје кај ќерка му ојде.

Или кога синот бара пари од татко му за да ој на одмор, а таткото одговара Шо? На одмор дојш? Прво на смендер па на одмор, ете така да си знајш.

Папафинго

Означува нешто што е многу високо, видливо ама тешко достижно. На пример мајка ми ќе ме прашаше – Златко, ги кладе теглите со ајвар во шпајзо?

Јас – Да, сабајлето, оди види. Оди мајка ми во шпајзо и ја слушам таму со прашално – АЛЕ?

И знам дека ќе дој кај мене в соба. Се уште не стигната до мене одејќи во стано вика

– Кај ги кладе море Златко, кај ги кладе. На папафинго ги кладе. Кој ќе ги стигни ко не си дома, а? Демек многу високо сум ги клал.

– А кај да ги клам мајка ми, само таму имаше место.

А папафинго можи и метафизички да означува. Не мојш ти неа да ја фатиш, та е папафинго за тебе! (ќе му речат другарите на некој копук шо се занесва за некоја женска од големото добрутро)

ТикТак, од лично искуство ти кажувам – високите луѓе им служат на ниските, така да знајш. Ај дофати го ова, ај дај ми го она повисок си… итн. Покрај ова кај повисоките лица постои и ризик за повреди на главата и нарушување на редот во нечиј дом така што со главата сум скршил неколку лустери или делови од лустер.

мр. Златко Самарџиев
e-mail: [email protected]
skype name: samardziev