Фирмата Бич Вилас од Лондон, во партнерство со Им Лабс од Охрид и вработените, поттикнаа голема донаторска акција за “Ју домот за доенчиња и мали деца во Битола. ”
Акцијата ја спроведува здружението за заштита на природното и национално богатство Енхелеус Лихнид.
Целта на оваа акција е комплетно подобрување на условите за живот во домот односно куќите во кои се сместени децата.
Ова е прва од низата на донации за домот, и содржи бела техника, бебешки реквизити, облека и кујнски апарати. Во наредните пратки ќе се достават лекови, храна, хемиски средства, кревети и сл. Целата донација ќе биде во вредност од 10.000 евра.
Со ова ги поттикнуваме сите фирми да вложуваат во вакви активистички акции за подобрување на нашето општество.
Вик Каротски, здружение Енхелеус Лихнид од Охрид.