Фотографиите на Ивона Кочов навистина блескаа, одразувајќи ја нејзината единствена перспектива и неверојатен талент.
Огромна благодарност до сите што ни се придружија и ја направија оваа вечер толку посебна! Вашата поддршка навистина значи за негувањето на нашите локални фотографи и уметноста што тие ја создаваат!

Посебна благодарност до Културен и информативен центар – Битола, каде се одржа изложбата и до спонзорите кои придонесоа за оваа изложба да биде реализирана ( Синпекс, Божиновски, Графо Пром, Горска Вода, Мак Пчеларници, Монсара Винарија. )
Изложбата е под патронажа на Националната Фото Унија на Македонија.

Доколку не успеавте да стигнете до отворањето, изложбата ќе биде изложена во Културен и информативен центар – Битола до 27 март посетете ја и влезете во магијата на фотографиите на Ивона Кочов.

Фото кино клуб Битола

Фотографии на: Димитар Чунговски и Коста Дупчинов