БИТОЛА, ул.Рузвелтова бр.18 тел.075 22 47 22, Нов пазар 075 44 57 40

Спортската сала „Младост“ го започна процесот на реновирање на соблекувалните и помошните простории, како би ги исполнила строгите критериуми на ЕХФ. Во период од 30 дена се очекува целосно да бидат реновирани и подготвени и за официјални меѓународни натпревари.

На есен е предвидено стартот на квалификациите за следното Европско првенство меѓу Македонија и Турција да се игра во Битола. Спортската сала „Младост“ 15 години не била дом на најдобрата репрезентација на Македонија, па со голем ентузијазам се чека доаѓањето на Лазаров, Манасков, Ристовски…

Од битолските суперлигаши, Еурофарм Работник оваа сезона ќе ја претставува нашата земја во ЕХФ Купот, а ЖРК Пелистер ќе се натпреварува во Челинџ Купот.

Извор Гол.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here