“Сакам…
Сакам еден најубав сарај на место од каде ќе ја гледам цееела Битола”…рече Бего од Снегово.
…И вистина мајсторите од Смилево сарај му направија.Сарај најубав и на најубото место…Цееела Битола како во дворо да си ја гледа…
“Колку треба да се плати”… праша Бего…
“Не треба ништо,Честити Бег…за Света работа пари не земаме” … му рекоја мајсторите и си заминаа…
И му го оставија убајо сарај на Бего да се восхитува и ужива во него…
Другио ден Бего слегувајќи од Снегово,гледајќи одалеку го виде сарајо дека е напраен во форма на крст и му текна за последниот збор на мајсторите…
Шубешлија му го поклонил на војската,во него таа,баруто да си го чува…
Сарајо на Бего од Снегово…

Е.Џ.

image