За влезница од 350 денари добивате
– седење на камен
– предјело – леб вчерашен и ајвар пресно препржен од 2015 – ГРАТИС
– главно јадење – цирони на мој начин
– десерт – грав со шеќер
– пијалок – 2 чаши вода од чешма
– музика – Радио 102…потивко да не врескат комшите
За влезница од 700 ден добивате
– седење на трупец од черешна…за парови поевтино
– предјело – леб пресен и ајвар пресен ….гратис нема
– главно јадење – глај од крап, специјалитет на куќата
– десерт пржени лепчиња со шербет, турско кафе – гратис
– пијалок – 2 чаши вода од изворо на Милевци
– музика – од телевозоро, И програма на МРТВ – не е гласна антена нема, нема врескање од комшите..
– на полноќ гасам светло, и сите со ред ќе ве бацам – ГРАТИС
Од 00:00 до 00:05 оганизирам заедничко пукање на петарди…
ПС. – за парој со мали деца имам беби ситерка – баба ми……тро ќора е ама знај да пеј успаваљки, ако ја напиете 2-3 жолти, ќе ви ја пеј Цеца до сабајле….
Ана Грезлова Михајлова