Битола, декември 1954

Околискиот совет на Друштвото за грижи и воспитување на децата од Битола изготви програма за пречек на Нова 1955 година. Спрема ова програма, во сите училишта од градот и околијата ќе се организираат пригодни приредби. На нив покрај забавниот дел, „Дедо Мраз“ ќе им разделат на децата подароци. Освен децата и нивните родители, на приредбите ќе бидат поканети и народни пратеници и други јавни и културни работници од градот. И основната организација на ССРН за децата од нивните реони ќе организират прослава за Нова година,а пак во домот на ЈНА ке биде организиран прием за децата. За пречекот на Нова година се приготвува и Градскиот пионерски дом.
31 декември попладне драмската „Дедо Мраз кај нас” от дом ќе ја прикаже пиетесата „Дето Мраз кај нас” од Борис Бојаџиски, а потоа „Дедо Мраз“ на децата ќе им раздели подароци.

Во Трговската комора не
известија дека во пресрет на Новата година стопанските организации од градот ќе ги намалат цените на сите детски играчки.

Г. Ф.

Дигитална библиотека НУУБ Св. Климент Охридски Битола