Поради големата заинтересираност ќе има два концерти „Виена во Битола“ еден после друг

од December 22, 2023 0 коментари

Почитувани,

Ве известуваме дека поради големата заинтересираност за новогодишниот концерт „Виена во Битола“ одлучивме да има два концерти, со тоа што првиот концерт ќе почне половина час порано, односно во 19.30 часот, а вториот концерт ќе почне од 21.30 часот. А за да ја завршиме годината онака како што треба и да го направиме 26 уште поубав, помеѓу концертите ве очекува едно пријатно и вкусно изненадување.

Влезниците за првиот концерт ќе бидат пуштени во продажба денес од 11 часот, а за вториот концерт денес од 17 часот на билетара на Центар за култура, Битола, по цена од 400 денари.

Babam Bitola

Comments are closed.